Фудбалерите на Барселона уште еднаш ја потврдија својата одлична форма и ја впиша 10-тата победа од официјалниот старт на сезоната. Вечерва во Истанбул, Барселона со пресврт успеа да го совлада тимот на Галатасарај со 1-4.

Натпреварот започна фантастичност за домашниот тим сепак Каталонците ја покажаа својата моќ. Батраков во 28-та минута донесе голема радост за навивачите на Галатасарај. Само шест минути подоцна уште еднаш беше затресена мрежата на Барселона. Сепак голот на Јилмаз беше поништен поради офсајт. Во финишот на првиот дел Барселона успеа да израмни преку Кансело.

Во второто полувреме тотална доминација на Барселона. Во педесеттата минута асистенција на Јамал, Фермин Лопез донесе предност на Барса од 1-2. Ја мал беше во улога на асистент 3 минути подоцна кога Гордон зголеми на 1-3. Судбината на турската екипа ја запечати Адејеми со своот втор гол сезонава во Лигата на шампионите.

Со овој триумф (втор) Барселона останува на врвот на табелата, како една од двете екипи кои досега има максимален учинок. Вториот тим е Спортинг Лисабон кој денеска славеше на гостувањето кај Ленс со 0-2.