Екипата на Њикасл може да жали за пропуштената шанса со победа над Ливерпул да ја почне новата сезона во Премиер лигата.

Њукасл имаше победа во „рака“ се до деветтата минута од судиското продолжение, кога од пенал Ливерпул успеа да израмни за конечни 2-2.

А, се започна фантастично за домаќините на „Сент Џејмс Парк“. Веќе во четвртата минута, по брзата контра, Енгонга му донесе водство на Њукасл од 1-0.

Ливерпул одговори во второто полувреме кога Коди Гакпо во 55. минута израмни на 1:1 по додавањето од Рајан Гравенберх.

Радоста на гостите траеше кратко бидејќи Џо Вилок брзо ја врати предноста за Њукасл во 57. минута. Кога изгледаше дека домашниот тим ќе ги освои сите три бода, следуваше драма во самата завршница. Судијата досуди пенал за гостите во длабокото судиско продолжение по еден прекршок во шеснаесетникот.

Доминик Собослаи беше сигурен реализатор од белата точка во 99.минута за конечни 2:2.