Атлетико Мадрид и Виљареал одиграа „реми„ 2:2 во дербито од 2.коло од шпанската Ла Лига.
Мадридскиот гигант извлече важен бод пред своите навивачи, иако мечот го заврши со десет фудбалери.
По мирното прво полувреме без голови, мрежите конечно се затресоа во 59. минута. Марк Пабил донесе водство за домаќините по одличното додавање на Џулијано Симеоне. Радоста на „јорганџиите“ траеше кратко бидејќи Жерард Морено во 66.минута од пенал израмни на 1:1.
Работите за домашниот тим станаа уште потешки кога Робин Ле Норманд во 76. минута заработи црвен картон. Само две минути подоцна Жорж Микаутадзе реализираше нов удар од белата точка за целосен пресврт на гостите.
Сепак, Атлетико Мадрид не се предаде и преку херојот Џулијано Симеоне во 86. минута стигна до конечни 2:2. Алекс Баена прекрасно го пронајде младиот напаѓач кој со прецизен удар ги постави конечните бројки на семафорот. Овој нерешен исход на Метрополитано на двете екипи им носи значајни бодови на почетокот од новата првенствена сезона.



































