Поранешниот младински репрезентативец Никола Василевски е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром. Тој се враќа во добро позната средина, во која веќе настапуваше во минатото.
Станува збор за 23-годишен бек, висок 190 сантиметри, кој зад себе веќе има и настапи за сениорската репрезентација на Македонија.
Минатата сезона ги бранеше боите на Кожув, а претходно настапуваше за ТФТ и за босанскиот Промо. Пред пет години беше дел и од нашиот втор тим – МЗТ Скопје Уни Банка.



































