По голема драма и дополнителни пет минути тимот на ЛА Лејкерс ја совладаат Минесота со 108:102 и се пласираат во НБА плеј-офот.
Минесота водеше во поголемиот дел од натпреварот, па дури и со +15, но Лејкерси тоа го надополнија, а на 1,4 секунди пред крајот на регуларниот дел со тројката на потоа га Денис Шрудер беа и пред победа. Но, на 1.десетинка пред крајот Ентони Дејвис направи фаул за три слободни фрлања над Мајкл Конли кој ги реализира и го одведе мечот во продолжение. Во него „Езеџиите“ предводени од Шрудер стигнаа до победа, а со тоа и пласман во плејо-фот во кој за противник ќе го имаат тимот на Мемфис.
Најефикасен на натпреварот беше Леброн Џејмс со 30 поени, 10 скока, а го следеше Ентони Дејвис со 24 поени и 15 скока. Во редовите на Минесота најрасположен беше Карл-Ентони Таунс со 24 поени и 11 скока.
Тимот на Минесота ќе има уште една можност за плеј-офот, односно ќе се бори за осмото место со победникот од мечот Њу Орлеанс-Оклахома, а доколку победи во плеј-офот ќе се сретне со Денвер.
Место во плеј-офот обезбеди и екипата на Атланка која го победи Мајами на гостински терен. Тимот на „Хоукси“ за противник ќе го имаат Бостон, додека во последната шанса за разигрувањето ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Торонто и Чикаго.