Попладнево во Минхен ќе се одржи ждрепката за втората рунда претквалификациска за пласман на Евробаскет 2029.

Македонија го чека својот противник, откако претходно обезбеди пласман во оваа фаза, како првопласирана во својата прелиминарна група.

Нашата селекција се наоѓа во друштво на уште единаесет репрезентации.

Можни ривали се Белгија, Чешка, Велика Британија, Бугарија, Словачка, Норвешка, Австрија, Кипар, Данска, Романија и Швајцарија.

Екипите ќе бидат поделени во четири групи со по три репрезентации. Само победниците од секоја група ќе патуваат во главните квалификации за европскиот шампионат.

Натпреварите ќе се играат во три ФИБА прозорци во август и ноември годинава, и во февруари следната година.

Директниот пренос од извлекувањето можете да го следите ВО ЖИВО ОВДЕ 👇. Настанот почнува точно во 12 часот и 45 минути.