По еднодневна пауза младинската машка ракометна репрезентација на Македонија (20 години) го продолжува настапот на Европскиот шампионат.
Со само една победа на петте одиграни натпревари, избраниците на селекторот Игор Илиевски сега ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место.
Прв противник, попладнево е селекцијата на Турција со која ќе играме во терминот од 13.30 часот.
Победникот од овој меч како и подобриот од дуелот БиХ – Полска ќе играат за пласман од 17 до 20 место. Pоразените пак. ќе разигруваат за избегнување на дното на табелата ( од 21 до 24 место).

































