Екипата на Валенсија ја совлада Барселона на „Местаља“ во последното коло од Ла Лига.

Во натпревар од 38.коло Валенсија славеше над Барселона со 3-1 со целосен пресврт во второто полувреме за да ги освојат трите бода.

Првиот дел од натпреварот помина без голови (0-0). Драма дојде во второто полувреме, се домаќините кога ви ја постигнати сите голови. Натпреварот се разгоре во 61-та минута кога Роберт Левандовски, на асистенција на Феран Торес, и донесе водство на Барселона од 0-1. Сепак, радоста на гостите траеше кратко.

Само пет минути подоцна, во 66-та минута, Хави Герера израмни на 1-1. Валенсија продолжи со притисокот и во 71-та минута веќе водеше со 2-1 благодарение на погодокот на Луис Риоха. Конечниот удар го подтави Габриел Родригез во седмата минута од судиското продолжение (90+7′), поставувајќи ги финалните 3-1.

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше неколку успешни интервенции. Барселона сезоната ја заврши со нов шампионски трофеј, а Валенсија по очајниот прдел на крајот заврши деветто пласиран.