По натпреварите од 2.коло од плеј-аут конкуренцијата на кошаркарската Супер лига, борбата за опстанок станува се по неизвесна.
Последно планираниот тим на табелата, Ангели приредија сензација и го совладаа Феникс 2010 со 85:84. Стојаноски погоди тројка на 18 секунди до крајот, а Стефанов додаде 21 поен. Феникс остана со само теоретски шанси за опстанок.
Гостивар славеше над Работнички со 75:70 по продолжение. Димитриевски и Црниќ постигнаа по 17 поени, а Рикиќ за Работнички имаше дабл-дабл со 19 поени и 17 скока. Работнички ја испушти првата шанса за потврда на опстанок.
МКК Куманово обезбеди сигурен статус со триумф над Чаир 2030, 91:83. Ѓуроски блесна со 27 поени, а Радукиќ и Стевановиќ придонесоа со двоцифрени ефекти. Чаир се потпре на Билингсли со 26 поени и 10 скока, но тоа не беше доволно.
На табелата, сега покрај веќе отпишаниот Ангели, во борба за избегнување на последните три места се четири тима. Работнички, Феникс и Гостивар – остануваат во опасната зона и ќе се борат да избегнат испаѓање во понизок ранг. Дена односно две победи повеќе имаат Куманово и Чаир. До крајот има уште четири кола.
Сето ова според според веќе утврдените правила на сезоната 2025/2026.
Но…..!????
Спорт Плус неофицијално дознава дека ќе има промени. Од повеќе блиски кошаркарски кругови дознаваме дека федерацијата сама да направи примени во последен миг. Имено, Супер лигата треба да ја напуштат трите најслабо рангирани екипи, а следната сезона во неа да игра само шампионот од Првата лига. Во реалност Супер лигата следната сезона треба да брои 10 екипи.
Нашите информации велат, дека во Кошаркарската федерација размислуваат, како лигата да остане на 12 екипи. Имено, се размислува да испадне само последно пласираната, а 11-то и 10-то рангираните и следната година да играат во Супер лигата.
СУПЕР ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ | 2.КОЛО
АНГЕЛИ – ФЕНИКС
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
ЧАИР – КУМАНОВО


































