Одбојкарите на Штип УГД ја оправдаа фаворитската улога во првиот дуел од финалната серија за шампионската титула на Македонија. Домашниот тим славеше максимална победа од 3:0 против екипата на Борец пред своите навивачи.

Штипјани доминираа во првиот сет со 25:15 и веднаш наметнаа силно темпо на натпреварот.
Гостите од Велес пружија најголем отпор во вториот сет, но Штип УГД го доби тој дел со 25:22. Третиот сет помина во комплетна контрола на домашните играчи кои го затворија мечот со 25:17.

Најефикасен во победничкиот состав беше Задмард со 15 поени, додека репрезентативецот Илиев додаде 13 поени. Кај тимот на Борец Велес се истакна Оливера со 14 поени, а Бастос запиша девет поени.

Оваа победа му носи водство на Штип УГД од 1:0 во финалната пресметка која се игра до три победи.

Следниот натпревар помеѓу овие два ривали е закажан за в понеделник во Велес со почеток од 20 часот.