Екипата на Атлетик убедливо го совлада тимот на Јехона во рамките на 20. коло од Првата лига кај дамите.
Натпреварот започна со целосна доминација на домашната екипа, која уште од првите минути наметна силно темпо. Со серија од 8-0, Атлетик брзо поведе со 9:1 и јасно стави до знаење кој ќе го контролира текот на мечот. Разликата постојано растеше, додека гостинките од Гостивар не успеваа да најдат решение за расположениот противник. Во 17-тата минута предноста веќе изнесуваше +10 (13:3), а на полувреме Атлетик замина со убедливи 22:4.
Во второто полувреме сликата на теренот не се промени. Атлетик продолжи со сигурна и доминантна игра, дополнително зголемувајќи ја предноста. Во 49-тата минута домаќинките стигнаа до највисоки +30 (37:7), потврдувајќи ја својата надмоќ. До самиот крај немаше поголеми промени во резултатот, па Атлетик сосема заслужено стигна до убедлива победа 46:7.
Најефикасни од домашната екипа беа Думбалоска со десет и Босилковска со девет погодоци, додека од Јехона беа Хасани, Хасани и Абдуллаји со два гола.
Ивона Кимовска



































