Осум селекции од европскиот континент остануваат во игра за четирите места што водат на завршницата на Светското фудбалско првенство.

Меѓу осумте ќе ја нема Македонија која во полуфиналната рунда убедливо загуби од Данска.

Данците пак место на Мундијалот ќе бркаат во Прага во дуелот со Чешка, која Ирците и Македонците ќе играат „ревијален“ натпревар.

Големо изненадување Косово во финалето, откако во полуфиналето на госто со 3-4 ја совладаа Словачка. Така во Приштина, Косовците за историски настап на Мундијалот ќе се борат со Турците.

И Босанците приредија изненадување. Беа пред елиминација па по пенали го совладаа Велс во Кардиф. Така БиХ во Зеница ќе се обиде да направи уште една сензација и тоа во дуелот против Италија.

Последниот европски патник на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, ќе го даде победникот од дуелот Шведска – Полска.

Бараж финале за СП 2026

група А: БИХ – ИТАЛИЈА (Зеница)
група Б: ШВЕДСКА – ПОЛСКА (Солна)
група Ц: КОСОВО – ТУРЦИЈА (Приштина)
група Д: ЧЕШКА – ДАНСКА (Прага)

Натпреварите ќе се играат во вторник, 31 март, со почеток во 20:45 часот по средноевропско време.