Само четири натпревари ноќеска беа одиграни во НБА лигата, а најинтересниот од нив беше последниот, во Феникс. Таму кошаркарите на Денвер го победија домашниот тим на Санс со 125:123.
Повторно во во фокусот на вниманието беше српскиот центар Никола Јокиќ кој оствари новиот трипл-дабл
Домаќините губеа со 117:109 на нешто повеќе од три минути пред крајот на натпреварот, но се вратија во игра. Букер го израмни резултатот на 30 секунди пред крајот за Феникс (123:123). Сепак, Јокиќ на спротивната страна на 11,5 секунди до крајот го постигна победничкиот кош за гостите. Феникс го имаше последниот напад, но Букер не рализира тројка.
Јокиќ го заврши натпреварот со 23 поени и 17 скока и асистенции, што му го донесе 29-тиот трипл-дабл во сезоната. Џамал Мареј постигна 21 поен во победата на Нагетс, Тим Хардавеј постигна 18, а Арон Гордон постигна 16 поени.
Кај Феникс, Девин Букер беше најефикасен со 22 поени, додека Џејлен Грин и Грејсон Ален додадоа по 21 поени.
На другите три натпревари победи славеа домашните екипи.
Шарлот убедливо го совлада Сакраменто со 134:90, Њујорк славеше над Њу Орлеанс со 121:116, а Кливленд го победи Орландо со 136:131.




































