Шестото коло во Првата машка кошаркарска лига донесе две изненадувања, во Скопје и Охрид, па на Соколи и Струмица останаа сами во трката на првата позиција.

Штипските Соколи доминираа на гостувањето во Прилеп кај Мега Баскет и славеа со убедливи 106-88. И составот на Струмица ФМП славеше убедливо на гостувањето кај Водно Санс постигнувајќи 125 поени.

Најголемото изненадување го приреди Вардар кој во неизвесна завршница го совлада фаворизираниот состав на Бутел. И тимот на Охрид извојува минимална победа и тоа над велешки Борец Баскет во неизвесна завршница. Борец Баскет пропушти голема шанса да остане рако до рамо со водешпкиот тандем и да се пробие на третото место.

Соколи се на врвот на табелата со вкупно девет победи и само три порази, како и Струмица ФМП со ист скор. Бутел и Борец остануваат на осум победи. На дното од табелата се наоѓа тимот на Водно Санс со само два триумфа по ова коло.

До крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат уште две кола. Извесно е дека Соколи, Струмица ФНП, Бутел и Борец баскет ќе играат во плеј-офот (полуфинале). Потсетување дека само шампионот од Првата лига следната сезона ќе игра ранг погоре, во Супер лигата.

ПРВА ЛИГА – 6 КОЛО

МЕГА БАСКЕТ – СОКОЛИ 88-106
ВОДНО САНС – СТРУМИЦА ФМП 82-125
ВАРДАР – БУТЕЛ 93-90
ОХРИД – БОРЕЦ БАСКЕТ 77-75

    ТАБЕЛА
    1.Соколи 21 бодови 9-3 победи-порази)
    2.Струмица ФМП 20 (9-3)
    3.Бутел 20 (8-4)
    4.Борец баскет 20 (8-4)
    5.Вардар 17 (5-7)
    6.Мега баскет 16 (4-8)
    7.Охрид 15 (3-9)
    8.Водно санс 14 (2-10)