Лука Дончиќ синоќа приреди историски спектакл во Мајами каде ЛА Лејкерси славеа нова победа со 134–126.
Словенечкиот ас беше незапирлив против Хит и постави нов личен рекорд.
Тој постигна неверојатни 60 поени, Тј погоди девет тројки, а на кои додаде седум скокови. Особено импресивна беше неговата игра во вториот дел каде што реализираше дури 39 поени, помагајќи им на Лејкерси да се вратат од негатива од 15 поени.
Дончиќ стана само седмиот играч во историјата на Лејкерси кој ја пробил границата од 60 поени. Словенецот им се приклучи на легендите како Коби Брајант и Вилт Чембрлен.
Во осмата последнователна победа на „езерџиите„ голем придонеси имаше и Леброн Џејмс. Тој натпреварот го заврши со трипл-дабл со 19 поени, 15 скокови и 10 асистенции, со што стана најстариот играч во историјата со ваков учинок.




































