Екипата на Интер Мајами предводена од Лионел Меси не успеа да се пласира во четвртфиналето на КОНКАКАФ Лигата на шампиони.
Интер одигра 1-1 во дуелот со Нешвил во реванш осминафиналниот дуел на домашен терен, а примениот гол значеше елиминација. Ова откако првиот меч во Нешвил заврши 0-0, па поради гол на гости токму Нешвил е патник во четвртфиналето.
Токму Меси уште во седмата минута беше стрелец нас голот за Интер Мајами. За Аргентинецот тоа беше 900-тиот гол во кариерата, во 1.142 натпревар, тоа се речиси 80 помалку од Кристијано Роналдо.
Португалецот сеуште е рекордер со 959 гола, до бројката 900 стигна играјќи на 1.236 натпревари.



































