Македонскиот вице-првак ТФТ, за прв пат обезбеди пласман во разигрувањето на АБА2 лигата. 

Тимот од скопската населба Тафталиџе регуларното дел од сезоната го заврши меѓу осумте најдобри, па сега го чека четвртфиналната пресметка со српската екипа Златибор. Овие две екипи досега во регионалната лига во два наврати се сретнале. Во 2022 година во Сараево, и една година подоцна во Скопје, а во двата дуели Златибор излезе како победник.

И сезонава српската екипа е во блага улога на фаворит, не само поради предноста на домашниот терен, туку и поради прикажаното досега. Но, во таборот на ТФТ не размислуваат лесно „да ја продадат кожата“, напротив. 

„Почеток на АБА2 плеј-офот влегуваме со една цел, пласман во финалето.

Нé очекува тешко гостување со екипата на Златибор спремни сме на овој предизвик, добро го анализиравме противникот енергијата и атмосферата ни е одлична на тренинг така да се надевам дека ќе извадиме позитивен резултат”, вели Страхил Николов.

Дуелот меѓу Златибор и ТФТ ќе почне во терминот од 18 часот. За денеска предвиден е уште еден, а утре на програмата се други два натпревари.

АБА2 ЛИГА – ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Прв натпревар
Златибор – ТФТ Скопје Вторник, 17.03.2026 18:00 часот
Широки – Јахорина Пале Вторник, 17.03.2026 20:00 часот
Војводина: Хелиос Домжале Среда, 18.03.2026 18:00 часот
Сутјеска – Слобода Среда, 18.03.2026 20:00 часот

* Се игра во два добиени натпревари