Фудбалерите на Вардар се спасија во судиското дополнение во дуелот со Брера да не загубат важни два бода во трката за титулата

Натпреварот од 23.коло на Првата лига одигран попладнево во Скопје, Вардар го доби со 1-0 со гол од пенал во судиското дополнение.

Бадијала беше офанзивата во текот на целиот натпревар на црвенбо-црните кои создаваа шанси постојано. Но сето тоа беше јалово, бидејќи недостасуваше ефикасна завршница.

Во судиското дополнение односно 90+4.минута по ударот на Спахиу, Велков играше со рака во својот шеснаесетник, па Вардар доби пенал. По прегледувањето на ВАР снимката, судијата Стојанче Трпчевски покажа на белата точка. Најстрогата казна ја реализира Закариќ за победа на Вардар со 1-0.

Во првоиот денешен натпревар екипата на Стругфа Трим Лум убедливо со 3-0 ја победи Македонија Ѓорче Петров.

ПРВА ЛИГА – 23 КОЛО

Сабота
СТРУГА Т.Л. – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-0
ВАРДАР – АП БРЕРА 1-0
Недела
12:00 ТИКВЕШ – ШКУПИ
14:30 ШКЕНДИЈА – АРСИМИ
Понеделник
14:30 СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР
14:30 БАШКИМИ – РАБОТНИЧКИ

Standings provided by Sofascore