Трите натпревари од 4.коло во ТОП-8 фазата на машката кошаркарска Прва лига, завршија со победи на домаќините.

Фаворитите за пласман во плеј-офот, Борец баскет, Струмица и Соколи, ги оправдаа улогите. Тие направија огромен исчекор, речиси недостижен, за останатите на патот кон кон разигрувањето. Ова особено по поразите на Мега баскет и Вардар на гостувањата во Велес и Штип.

Во најнеизвесниот натпревар, во Велес, Борец баскет со три разлика го совлада прилепски Мега баскет. Американецот, Зион Јанг беше најефикасен во победничката екипа со 28 поени. Двоцифрени беа и Трпески со 17 и Чадамов со 12 поени.

Струмица и штипските Соколи немаа такви маки. Тие убедливо славеа во дуелите со Охрид и Вардар, по што заедно со Борец имаат ист „скор“. Можност да им се приклучи на ова трие тима и составот на Бутел. Тие се апсолутни фаворити во денешниот меч со Водно санс, па не би требало да имаат проблем да се вратат на врвот на табелата.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) TОП 8 – 4.КОЛО

Недела 8 март
18.30 БУТЕЛ – ВОДНО САНС
Сабота 7 март
БОРЕЦ БАСКЕТ – МЕГА БАСКЕТ 79-76
СТРУМИЦА ФМП – ОХРИД 75-49
СОКОЛИ – ВАРДАР 117-71

ТАБЕЛА
1.Соколи 17 бодови (7-3 победи-порази)
2.Струмица ФМП 17 (7-3)
3.Борец баскет 17 (7-3)
4.Бутел 15 (6-3)
5.Мега баскет 14 (4-6)
6.Вардар 14 (4-6)
7.Охрид 12 (2-8)
8.Водно санс 11 (2-7)
*првите четири екипи ќе се пласираат во плеј-офот