Четвртата рунда од фазата ТОП-4 во машката кошаркарска Прва лига на програмата е викендов. Три натпревари ќе се одиграат денеска, а еден утре во Скопје.

Иако ова е половина од оваа фаза, сепак, уште од сега се наѕираат учесниците во полуфиналето. Четирите првопласирани екипи, Бутел, Соколи, Струмица и Борец веќе имаат две победи повеќе од Мегабаскет и Вардар, а три од Водно санс и Охрид.

Многу работи можат да бидат уште појасни по одигрувањето на претстојните натпревари. Ако, Охрид и Водно санс речиси се „отпишани“, ова може да е последна шанса за Мега Баскет и Вардар.

Прилепчани денеска ќе гостуваат во Велес, кај Борец, во премиерниот натпревар од ова коло што ќе почне од 13.30 часот. Истото важи и за Вардар кој гостува во Штип кај тимот на Соколи во мечот од 17 часот. Во меѓувреме (14 часот) ќе стартува натпреварот меѓу Струмица и Охрид.

Последниот натпревар на програмата е утре во Скопје, а во него лидерот на табелата Бутел е домаќин на Водно санс.

Сите натпревари ќе може да ГИ ГЛЕДАТЕ ОВДЕ ВО ЖИВО 👇👇👇

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) TОП 8

4 КОЛО
Сабота 7 март

13.30 БОРЕЦ БАСКЕТ – МЕГА БАСКЕТ
14.00 СТРУМИЦА ФМП – ОХРИД
17.00 СОКОЛИ – ВАРДАР
Недела 8 март
18.30 БУТЕЛ – ВОДНО САНС

ТАБЕЛА
1.Бутел 15 бодови (6-3 победи-порази)
2.Соколи 15 (6-3)
3.Струмица ФМП 15 (6-3)
4.Борец баскет 15 (6-3)
5.Мега баскет 13 (4-5)
6.Вардар 13 (4-5)
7.Водно санс 11 (2-7)
8.Охрид 11 (2-7)