Со натпреварот одигран попладнево во Тетово, комплетирано е 20.коло во Првата макеоднска фудбалска лига.

Актуелниот шампион Шкендија славеше пресврт победа над Пелистер со 2-1, благодарение на двата гола на Бесарт Ибраими.

Гостите од Битола поведоа први уште во седмата минута со погодокот на Стефан Спировски. Шампионот брзо ја анулира негативата, со првиот погодок на Ибраими постигнат во 24-тата минута.

Имаа уште неколку шанси тетовци да дојдат до водство, но резултатот остана не променет се до 64-тата минута. Тогаш Ибраими уште еднаш ја затресе мрежата на пелистерци, за водство на Шкендија со 2-1.

Битолчани не се откажаа, создадоа неколку добри шанси за израмнување во самиот финиш, но резултатот остана не променет.

Со новите бодови, а вкупно 48, Шкендија сега заостанува четири бодови зад лидерот Вардар. Токму овие два тима во четврток, во Скопје, ќе го играат дербито на следното 21.коло, кое може да решава за шампионскиот трофеј.

Standings provided by Sofascore