Машката кошаркарска репрезентација на Македонија денеска го продолжува својот настап во претквалификациите за Европското првенство.

Македонскиот сениорски национален тим ќе го одигра четвртиот натпревар од групната фаза, а за противник ја има селекцијата на Азербејџан.

Македонија со три победи во исто толку натпревари е лидер во А групата. Азербејџан со гостинската победа над Ирска ги зголеми амбициите во трката за едно од двете места што водат во понатамошниот тек од квалификациите.

На првиот меч во Скопје, Македонија славеше убедливо со 38 разлика. Затоа јасно е зошто црвено-жолтите важат за фаворит во денешниот натпревар.

Сепак таа улога ќе треба да се потврди во натпреварот што ќе се игра во „Палатата на спортовите“ во Баку, а ќе почне од 17 часот.
Дуелот Азербејџан – Македонија ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇