Дерби во Западната конференција на НБА лигата меѓу Оклахома и Денвер донесе се што љубителите на кошарката можеа да посакаат.
Враќањето на Шај Гилгиус-Александер на теренот против Никола Јокиќ, тренинзи меѓу играчите и дополнителни пет минути игра. На задоволство на домашната публика победата ја однесе шампионо Оклахолма која славеше над Денвер со 127-121.
Иако гостите водеа во во најголемиот дел од трите четвртина, Гилгиус-Александер кој пропушти девет натпревар успеа да го врати шампионот во игра. На средината на последниот квартал дојде до физички контакт меѓи Никола Јокиќ и Лу Дорт, по што домашниот кошаркар беше исклучен а Јокиќ заработи техника. Двата тима имаа шанса за победа во регуларниот дел, но не ги реализира своите напади.
Во продолжението домашниот тим иако играше без Гилгиус-Александер се снајде подобро и заслужено славеше победа. Актуелниот МВП од минатата сезона натпреварот го заврши со 36 поени.
Јокиќ на спротивната страна имаше троен ефект со 23 поени, 18 скокови и 14 асистенции. Џамајл Мареј пак кој беше под знак на прашање за настап, заврши како најефикасен на натпреварот со со 39 поени.
Оклахома Сити е лидер во Западната конференција со „скор“ 46-15, а Денвер е четврти со 37-23 ако и Минесота.


































