Денешната ждрепка во седиштето на УЕФА, донесе супер дерби во осминафиналето на Лигата на шампиони.
Јасно беше дека ќе има најмалку едно супер дерби, имајќи го во предвид пласманот на екипите во групната фаза, како и исходите од плејофот.
Така место во ТОП-8 ќе има само за еден од гигантите Реал Мадрид или Манчестер Сити.
Но тоа не е единствената шпанско-англиска пресметка во осминафиналето, бидејќи ќе има и други две.
1/8 финале – Лигат на шампиони
ПСЖ – Челзи
Реал Мадрид – Манчестер Сити
Галатасарај – Ливерпул
Аталанта – Баерн Минхен
Њукасл Јунајтед – Барселона
Атлетико Мадрид – Тотенхем
Бодо Глимт – Спортинг Лисабон
Баер Леверкузен – Арсенал
Првите натпревари од осминафиналето се закажани за 10 и 11 март, а реваншите една недела подоцна. Четвртфиналните натпревари се на 7 и 8 април, односно на 14 и 15 април, првите полуфиналиња две недели подоцна, а реваншите на 5 и 6 мај. Големото финале ќе се игра во Будимпешта на 30 мај.
Ако сте пропуштиле, сите голово од 1/16-финалето може да ги гледате овде 👇👇👇




































