Со натпреварот во Куманово денеска се отвора 20-тото коло во Првата македонска фудбалска лига што ќе се игра се до понеделник.

Воведниот, денешниот, натпревар е важен за двете екипи. Иако домаќинот Башкими во моментов е шестата позиција на табелата, сепак има само три бода повеќе од Брера. Струмичани се осмо рангирани и се во зоната на екипи кои се борат за опстанок, односно избегнување на бараж дуелите. Затоа трите бода се исклучително важни за двата тима.

Овој натпревар ќе почне во терминот од 14 часот, како и други четири, исклучок, дуелот Работнички – Шкупи кој ќе се игра утре од 12 часот.

За утре, но од 14 часот, закажано е дербито на ова коло кое ќе се игра во Струга каде Трим Лум го пречекува лидерот Вардар.

ПРВА ЛИГА – 20 КОЛО

петок 27.02.
БАШКИМИ – БРЕРА 14 часот
сабота 28.02.
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 12 часот
СТРУГА Т.Л. – ВАРДАР 14 часот
недела 01.03
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 14 часот
АРСИМИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 14 часот
понеделник 02.03
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 14 часот

Standings provided by Sofascore