Македонскиот фудбалски шампион тетовска Шкендија вечерва има нов настап на европската сцена. тетовци ќе го имаат најголемиот предизвик досега и тоа на гостувањето во Турција. 

Фудбалерите на Шкендија ќе го игра реванш дуелот од плеј-офот во Лигата на Конференции против Самсунспор. Избраниците на Јетон Беќири ќе мора да одиграат и повеќе од своите можности доколку сакаат да направат уште еден историски резултат. Тие ќе треба да надополнат и гол негатива од минатонеделниот натпревар во Скопје, вој Самсунспор го доби со 0-1.

„Веруваме дека ќе одиграме добар меч од оној во Скопје. Нормално дека ќе играме поофанзивно, за да ја надополниме негативата.

Верувам дека моите фудбалери ќе дадат и повеќе од нивните можности“,
изјави Беќири на официјалната прес-конференција. 

Натпреварот меѓу Самсунспорт и Шкендија ќе се игра во терминот од 18.45 часот.

Следете нé на социјалните мрежи