Новиот систем во Лигата на шампионите очигледно дека не познава фаворити. Така голем дел од европските гиганти мораа да играат плејоф, по кои некои и го завршија настапот. Таков е случајот со италијанските Интер и Јувентус. Нов нема да го гледаме во осминафиналната рунда.
Место меѓу 16-те најдобри преку првата елиминациска рунда обезбедија и најтрофејниот Реал Мадрид како и актуелниот шампион ПСЖ.
Сега патот на овие два тима кон трофејот ќе биде дополнително потежок. Можни противници на “кралевите“ би биле фудбалерите на Манчестер Сити со Пеп Гвардиона или пакк да гостуваат во Лисабон. Парижаните пак би можеле да се судрат со шпанската Барселона или англискиот Челзи.
Ждрепката за осминафиналето ќе се одржи во Нион во петок во 12:00 часот.
Можни парови од осминафиналето на Лигата на шампионите:
Пари Сен Жермен – Барселона и Челзи
Реал Мадрид – Манчестер Сити или Спортинг Лисабон
Галатасарај – Ливерпул и Тотенхем
Аталанта – Арсенал и Баерн Минхен
Њукасл Јунајтед – Челзи и Барселона
Атлетико Мадрид – Тотенхем – Ливерпул
Бодо Глимт – Манчестер Сити или Спортинг Лисабон
Баер Леверкузен – Баерн Минхен и Арсенал
Првите натпревари од осминафиналето се закажани за 10 и 11 март, а реваншите една недела подоцна. Четвртфиналните натпревари се на 7 и 8 април, односно на 14 и 15 април, првите полуфиналиња две недели подоцна, а реваншите на 5 и 6 мај. Големото финале ќе се игра во Будимпешта на 30 мај.
Ако сте пропуштиле, сите голово од 1/16-финалето може да ги гледате овде 👇👇👇




































