Се одиграа шест во НБА натпревари, во кои домаќините беа подобри остварувајќи четири победи.

Дербито на вечерта се одигра во Детроит каде се сретнаа двете најдобри екипи во лигата. Триумфот го однесе лидерот на истокот Пистонс кој со 124-116 го совлада шампионот и водечки тим на западот Оклахома сити.

Најдобар во редовите на победничкиот тим беше Кејд Канингем , кој постигна 29 поени и додаде и 13 асистенции. Дабл-дабл забележа и Џејлен Дурен со 29 поени и 15 скока.

Пистонс се водечка екипа во Источната конференција со 43 победи и 14 порази, а Тандер сè уште водат на Западот со 45-15.

Никола Јокиќ повторно ги предводеше Нагетсите до победа. Денвер на домашен терен го победи Бостон убедливо со 103-84.

Јокиќ помина 33 минути на паркетот, постигна 30 поени и имаше 12 скока и шест асистенции. Ова беше негов 15-ти натпревар оваа сезона со најмалку 30 поени и десет скока, што е најмногу во лигата.

НБА:
Детроит Пистонс – Оклахома Сити Тандер 124:116
Мемфис Гризлис – Голден Стејт Вориорс 112:133
Торонто Репторс – Сан Антонио Спарс 107:110
Хјустон Рокетс – Сакраменто Кингс 128:97
Милвоки Бакс – Кливленд Кавалирс 118:116
Денвер Нагетс – Бостон Селтикс 103:84