Познати се 15 од 16-те екипи кои го продолжуваат настапот во фудбалската Лига на шампони. Тимовите на Реал Мадрид и ПСЖ обезбедија осминафинале, за кое се борат Јувентус и Галатасарај кои ќе го дадат последниот патник. Ова откако вечерва беа одиграни реванш дуелите од 1/16-финалната рунда.
Шпанскиот Реал Мадрид повторно беше подобар од португалската Бенфика.
Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, Реал со пресврт го совлада португалскиот тим со 2-1, откако првиот меч во Лисабон заврши со победа на „кралевите“ со 1-0. Иако гостите во 14.минута поведоа со 1-0 со голот на Рафа Силва, Реал брзо го израмни резултатот. Веќе во 16-минута Чуламенди погоди за 1-1. Во вториот дел (80.минута), Винициус повторно беше стрелец како и во Лисабон, со што Бразилецот имаше слатка одмазда на навредите кои ги претрпе на првиот меч.
СИТЕ ГОЛОВИ ОД ТРИТЕ ДОСЕГА ЗАВРШЕНИ НАТПРЕВАРИ
И актуелниот европски првак ПСЖ е осминафиналист. „Светците“ од Париз вечерва пред својата публика одиграа 2-2 против Монако во француското дерби.
ПСЖ славеше на првиот меч на гости со пресврт со 3-2. И на овој натпревар гостите поведоа први и тоа во финишот на првото полувреме. Во вториот дел Кулибали за само четири минути заработи два жолти картони, па Монако играше со играч помалку. Тоа ПСЖ го искористи и преку Маркињос (60.минута) израмни на 1-1. Во второто полувреме (66), Кварацкелија го сврте резултатот, за водство и победа на ПСЖ со 2-1. Но тоа не беше конечен резултат, бидејќи Тезе во судиското дополнение го израмни на 2-2.
Во Торино, Јувентус надополни три гола негатива (3-0) во дуелот со Галатасарај, кој во Истанбул славеше со 2-3, па сега таму се играат продолженија.
Пласман во ТОП-16 обезбеди и италијанската Аталанта која надополни два гола негатива од Дортмунд. Денеска во Бергамо, Аталанта славеше со 4-1 и со вкупен резултат 4-3 оди во следната рунда.




































