Екипата на Галатасарај е последната што се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите. Иако турскиот тим загуби на реваншот во Торино од Јувентус со 2-3, сепак по продолженија успеа да се спаси од срамна елиминација.

Фудбалерите на „Старата дама“ одиграа фантастичен натпревар и тоа 120 минутен. Галатасарај во Торино допатува со три гола предност (2-5). Јувентус таа негатива ја надополни во регуларните 90.минути кои ги доби со 3-0.

Локатели од пенал, во 37.минута го отвори резултатот за водство на „старата дама“ со 1-0. Во вториот дел (48) домашниот фудбалер Крели заработи црвен картон, што дополнително му ја отежни работата на италијанскиот тим. Но, и со играч помалку Јуве постигна два гола. Гати во 70-тата минута зголеми на 2-0. Галатасарај не знаеше како да ја сочува предноста бидејќи Американецот, Мекени во 82.минута го постигна третиот гол за Јувентус, го израмни вкупниот резултат на 5-5.

Во продолжението, домаќините имаа две големи шанси за четврти гол, но не ги искористија.

Затоа Виктор Осимен на спротивната страна во судиското дополнение ја затресе мрежата на Јуве за 3-1. Судбината на италијанскиот тим ја запечати Алпер Јилмаз во 119-тата минута.

Така познати се сите 16 екипи кои ќе играат во осминафиналето, за кое пак ждрепката ќе биде делегирана.