Кошаркарите на ТФТ ја оправдаа улогата на фаворит во дуелот против Феникс и обезбедија полуфинале.
Во првиот натпревар од четвртфиналната рунда на Купот на Македонија екипата на ТФТ го совлада Феникс со 98-71.
Иако во првата четвртина Феникс беше подобриот тим, а имаше и девет поени предност, сепак во продолжението составот од Тафталиџе ја презеде играта во свои раце. Веќе на паузата меѓу двете полувремиња ТФТ имаше +12 (46-34). И во второто полувреме избраниците на Боро Смилковски продолжија во ист ритам, па на крајот разликата изнесуваше +27 поени.
Седуммина кошаркари во победничката екипа завршија со двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Зафиров со 19, додека Дејвис постигна 17 поени.
Противник на ТФТ во полуфиналето ќе биде подобриот од поседната четвртфинална пресметка меѓу домаќинот Куманово и битолски Пелистер. Тој натпревар ќе почне во темниот од 19.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇


































