Бранителот на трофејот во кошаркарскиот Куп на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром е вториот полуфиналист.

Аеродромци ја оправдаа улогата на фаворит во дуелот против лутиот ривал Работнички. Во вториот четвртфинален натпревар, на завршниот турнир чиј домаќине Куманово, МЗТ Скопје славеше со 100-69.

Работнички беше рамноправен само во првата четвртина, која ја одлично ја отвори имаше најголеми 6 споени предности. Сепак до крајот на периодот сино-белите брзо ја анулираа негативата и на првиот мал одмор заминаа со поен предност (25-24). Веќе во вториот квартал, шампионот покажа зошто е фаворит. Од минута во минута МЗТ ја зголемуваше предноста која во еден миг изнесуваше и најголеми 14 поени. На полувремето МЗТ замина со позитива од +11 (52-41).

И во вториот дел е речиси иста слика. Кошаркарите на Работнички се трудеа петни жили да ја намалат негативата. но аеродромци тоа не го дозволуваа. На крајот сосема заслужено тимот на МЗТ забележа очекувана и убедлива победа со 31 разлика.

Прв стрелец во редовите на МЗТ беше Американецот, Смит-Меквен кој постигна 17 поени, а двоцифрени беа уште четворица кошаркари.

Противник на МЗТ во полуфиналето ќе биде подобриот од дуелот што следува меѓу Кожув и Маџари. Тој натпревар ќе почне од 17 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇

КОШАРКА КУП МКД 2026 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА