Екипата на Кожув е третиот патник во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија.

Кожув славеше победа над Маџари со 84-80 во третиот четвртфинален меч, па закажа полуфинале со МЗТ.

По нешто повеќе од 4 минути игра, екипата од Гевгелија веќе имаше двоцифрена предност од 11 поени, колку остана и до крајот на кварталот (27-16). Во вториот, скопската екипа одигра малку подобро, па на полувреме замина со негатива од осум поени (45-37).

На почетокот на второто полувреме Кожув повторно дојде до двоцифрена предност. Сепак Маџари не се предаде, па успеа да го сврте резултатот во своја полза. Во завршните 10 минути скопската екипа влезе со четири поени предност 64-68. На стартот на последниот квартал гевгеличани направија серија од 13-2 и поведоа со 77-70. Се обидоа скопјани повторно да се вратат во игра, но не успеаја, па Кожув е меѓу четирите најдобри.

Комплетната прва петорка на Кожув, натпреварот го заврши со двоцифрен број на постигнати поени. Најдобар поединец беше Теодор Симиќ кој заврши со дабл-дабл ефект со 21 поен и 14 скокови.

Противник на Кожув во полуфиналето ќе биде бранителот на трофејот МЗТ Скопје кој во четвртфиналето го надигра Работнички. Дуелот меѓу МЗТ Скопје и Кожув ќе се игра утре (сабота) од 19.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇

КОШАРКА КУП МКД 2026 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА