Кошаркарите на Куманово се последните патници во полуфиналето на Купот на Македонија. Ова е исходот по одигрувањето на последниот четвртфинален меч на завршниот турнир чиј домаќин е градот Куманово.
Натпреварот важеше за дерби во оваа рунда и тоа го оправда, а кумановци го доби со 75-66.
Домаќините го отворија натпреварот со шест врзани поени. Кумановци постојано беа во предност се до завршната секунда, кога Пелистер за првпат поведе со 18-17. Во вториот квартал, благодарение на расположението Малешевиќ (15 поени прво полувреме заврши со 22), битолчани на големата пауза заминаа 4 поени предности 41-37.
И во второто полувреме, односно третиот период израмнета игра. Домашниот состав на Куманово намали два поени од негативата, па Пелистер во последните 10 минути влезе со предност 56-54. Битолчани водеа се до 63-64, по што кумановци влегоа во серија 12-2. Тоа се покажа како решавачки, па кумановци и нивните навивачи можеа да слават.
Најефикасен во победничката екипа на Куманово, беше Луковиќ кој на 20-те поени додаде и седум скокови. Тој доби поддршка од Радукуќ кој заврши со 17 поени, 7 сокови и шест асистенции.
Куманово Пелистер за противник во полуфиналето ќе го има вицепрвакот ТФТ, во мечот закажан за утре од 17 часот. Во второто полуфинале бранителот на трофејот МЗТ Скопје Аеродром ќе игра против Кожув, а тој натпревар е од 19.30 часот.
Двата натпревари ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇


































