Дури десет натпревари ноќеска се играа во НБА лигата. Двата најинтересни беа оние во Денвер и Лос Анџелес каде победи славеа гостинските екипи.

Тимот на Кливленд на гости го совлада Денвер со 117-119.

Никола Јокиќ иако оствари троен ефект, сепак на крајот промаши шут за победа. Џејмс Харден, кој дојде од Клиперси, на 30.секунди пред крајот го израмни резултатот, а Донован Мичел од слободни донесе водство на Кавалирс. Денвер имаше 9.десетинки за последниот напад, но Јокиќ не успеа да погоди тројка.

Донован Мичел со 32 поени и Харден со 22 поени и 10 скока., беа најдобрите во победничката екипа. Никола Јокиќ стигна до својот 183-ти трипл-дабл завршувајќи го натпреварот со 22 поени, 14 скока и 11 асистенции.

На гостинска победа во Лос Анџелес се радуваше шампионот Оклахома Сити со 110-119.

Двата тима играа без своите најдобри кошаркари, Шаи Гилгиус-Александар и Лука Дончиќ, кои се повредени.

Џејлен Вилијамс постигна 15 од своите 23 поени во втората половина од неговото враќање по повреда од 10 натпревар.  Исаија Џо постигна 19 поени, а Алекс Карузо додаде 17 од клупата на Оклахома Сити. Холмгрен имаше 13 поени и 10 скока.

Леброн Џејмс постигна 14 од своите 22 поени во второто полувреме за Лејкерси.

Следете нé на социјалните мрежи

Резултати
Шарлот Хорнетс – Детроит Пистонс 104:110
Бруклин Нетс – Чикаго Булс 123:115
Мајами Хит – Јута Џез 111:115
Орландо Меџик – Милвоки Бакс 118:99
Минесота Тимбервулвс – Атланта Хокс 138:116
Њу Орлеанс Пеликанс – Сакраменто Кингс 120:94
Денвер Нагетс – Кливленд Кавалирс 117:119
Голден Стејт Вориорс – Мемфис Гризлис 114:113
Лос Анџелес Лејкерс – Оклахома Сити Тандер 110:119
Портланд Треил Блејзерс – Филаделфија 76ерс 135:118