Екипата на Работнички славеше над Кожув со 99:92 во натпреварот од 15. коло на Супер лигата.
Скопските „црвено-бели“ ја прекинаа серијата слаби игри и запишаа важна победа на домашен терен.
Домашниот тим имаше контрола врз резултатот уште од самиот почеток на средбата.
Првата четвртина заврши со предност на Работнички од 26:21. Предноста на домашните кошаркари порасна на двоцифрена во текот на втората четвртина. Највисоката разлика беше постигната во 18. минута кога резултатот гласеше 52:40. Гостите од Гевгелија одговорија со серија од 10-2 до крајот на првото полувреме. На паузата домашната екипа замина со минимална предност од 52:48.
Кожув се доближи на само еден поен по тројката на Вашингтон на стартот на третиот период.
Сепак, Работнички брзо возврати со шест поени по ред и повторно се одлепи резултатски.
Пред почетокот на последната четвртина, домаќините имаа солидно водство од 81:70.
Најзаслужен за овој триумф беше центарот Рикиќ кој одигра неверојатен натпревар. Тој постигна 34 поени и додаде 14 скока за вкупен индекс од 41. Голема поддршка имаше од Ефремовски кој заврши со 21 поен.
Новиот кошаркар Александар Костоски дебитираше со одлични 20 поени и четири асистенции.
Кај екипата на Кожув најефикасен беше Бојчев кој натпреварот го заврши со 21 поен.



































