На денешните четири натпревари од 19.коло од Супер лигата победија фаворитите.
Во дуелот на скопските екипи Алкалоид го совлада Пролет со 37:29. Во првото половреме тимот на Кирил Лазаров максималната предност што ја имше беше три разлика, колку што беше и на полувреме 17:14, а во вториот дел стигнаа и до двоцифрена предност, но сепак Пролет во финишот го ублажи поразот. Најефиаксен кај победникот беше Дамјан Митев со 10 голови (7 од седмерец) без промашување, додека Иван Галевски имаше 16 одбрани и 1 гол.
Во дуелот на двете битолски екипи првакот Еурофарм Пелистер го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 39:24. Бутел славеше на гостувањето кај Струга со 35.24, додека Тиквеш беше убедлив против последнопласираниот Радовиш со 44:23.
На вчера одиграниот дуел Вардар – МРК Куманово 30:20 и во средата Охрид – Прилеп 28:17.
Табела: Вардар 36 бодови, Е.Пелистер 32, Охрид 31, Алкалоид 31, Тиквеш 20, Бутел 20, Е.Пелистер 2 17, Прилеп 16, Пролет 12, МРК Куманово 7, Струга 6, Радовиш 0.
Следното коло се игра на 11-12.февруари (среда-четврток).



































