Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и вториот финалист на Гренд-слемот Австралија опен. До своето 11-то финале Ѓоковиќ дојде со голем пресвет во дуелот со Јаник Синер кој беше победник во Мелбурн на изминатите два турнири.
Голема борба водеа бранителот на трофејот Синер и десеткратниот шампион Ѓоковиќ во мечот што траеше 4 часа и 12 минути, а Србинот го доби со 3:2 во сетови.
Италијанецот во наврати имаше предност, откако ги доби првиот и третиот сет со 6-3 и 6-4. Србинот возврати во иста мера со 6-3 и 6-4 во вториот и четвриот сет.
Во решавачкиот петти сет, решавачки беше седмиот гем во кој Новак направи брејк и поведе со 4-3. Србинот ја задржа предноста го доби сетот со 6-4, а мечот со 3:2.
Така Ѓоковиќ ќе има можност да стигне до 11-тата титула во Мелбурн, во 11-тото финале.
Пречка до тоа ќе му биде Шпанецот, Карлос Алкараз кој во првиот полуфинален дуел го совлада Германецот, Александар Зврев во пет сета. Финалето ќе се игра во недела

































