Пелистер ја доби дерби пресметката против Работнички во 12.коло од Супер лигата со резултат 88:85, во натпревар кој донесе неизвесност до самиот крај.
Иако битолчани имаа постојано водство, гостите од Скопје не се предаваа и успеваа да се враќаат во игра. На полувремето резултатот беше 47:44, а највисоката предност на „зелено-белите“ изнесуваше девет поени (74:65). На почетокот од последната четвртина. Работнички со тројката на Ефремовски и поените на Наков стигна до минимално водство (81:82). Но клучниот момент го имаше Никола Малешевиќ кој погоди тројка на една минута до крајот и ја обезбеди победата за Пелистер.
Кај домашните, Дејвис беше најефикасен со 25 поени и девет скока, Малешевиќ додаде 21 поен. Работнички имаше петмина двоцифрени стрелци, а новајлијата Лука Петровски со 19 поени беше најефикасен
Победата го носи Пелистер на скор од 8-4 и го зацврстува третото табелата, а Работнички е седми со 17 бодови колку што има и Феникс на осмото место.





































