Одбојкарките на Наковски волеј ја продолжи победничката серија во Првата лига жени. Струмичката екипа славеше со 0:3 (24:26, 19:25, 23:25) против Газели волеј на стартот од пролетниот дел од сезоната, односно 1.коло од плејофот.
Домаќинките имаа одлично отворање и дури пет сет топки во првиот сет, но не успеаја да ги реализираат, па гостинките со пресврт поведоа со 0:1. Во вториот сет Наковски волеј ја презеде контролата и стигна до 0:2. Третиот сет беше реприза на првиот, неизвесен до самиот крај, а повторно во корист на гостинскит.
Марковиќ со 10 поени, Ковачевиќ и Милева со по девет беа најрасположени кај победничкиот состав. Сара Горбок со 12 и Терзиевска со 10 поени беа најистакнати кај Газели волеј.
победи на гостински терен славеа Работнички над Струмица со 0:3, Младост УГД кој беше подобар од Фит фан волеј со 2:3. Единствено Вардар ЕМ ја искористи предноста на домашен терен победувајќи ја Ускана со 3:0.
Плејоф рундата ќе биде комплетирана на 27 јануари со дуелот Јанта волеј – КВ и Пелистер волеј, закажан во 17 часот.




































