Лука Дончиќ се врати во Далас, со тимот на ЛА Лејкерси, одигра одличен натпревар и победи со 116:110.
Словенецот се истакна и беше најефикасниот играч на натпреварот, остварувајќи дабл-дабл со 33 поени, 11 асистенции и осум скока. По 17 поени постигнаа Леброн Џејмс (8 скока, 5 асистенции) и Руи Хачимура (осум скока).
За Далас, Макс Кристи постигна 24 поени, Наџи Маршал 21, а Брендон Вилијамс 20 поени.
Чикаго и Бостон го одиграа најнеизвесниот натпревар. Булс победија со 114:111 со тројката на Кевин Хуертер на една секунда до крајот. Тимот на Чикаго постигнаа 21 тројка во натпреварот, за нивна четврта победа по ред.
Најдобри играчи на „Биковите“ беа Коби Вајт со 22 поени и Никола Вучевиќ со 16 поени, седум скока и шест асистенции. За Селтикс, Џејлен Браун заврши со 33 поени, осум скока и пет асистенции,
Резутати:
Филаделфија – Њујорк 109:112
Чикаго – Бостон 114:111
Орландо – Кливленд 105:119
Далас – Лос Анџелес Лејкерс 110:116
Јута – Мајами 116:147
Шарлот – Вашингтон 119:115



































