Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе одигра два контролни натпревари против врсниците на Турција.
Натпреварите закажани за 20 и 22 јануари, се дел од подготовките во пред-квалификации за Европско првенство.
Селекторот Влатко Колев, го објави списокот на фудбалери повикани за натпревари што ќе се одиграат во Анталија, Турција.
Голмани: Амин Суљовиќ (ФК Скопје), Даријан Денковски (Македонија ЃП), Ринор Цека (Шкендија).
Одбрана: Тео Стојчевски (Вардар), Павел Рибарски (Вардар), Алек Чедомириски (Македонија ЃП), Грегоријан Михајловски (Сервет, Швајцарија), Филип Цветковски (Вардар), Михаил Митревски (Македонија ЃП), Давид Лиотоски (Работнички), Марко Иванов (Копер, Словенија).
Среден ред: Самуел Вртковски (Макартур / Bulls FC Academy, Австралија), Марко Мирчевски (Охрид Лихнидос), Бленди Љачка (Фенербахче, Турција), Мартин Џангаровски (Македонија ЃП), Арда Илјазовски (Болдклубен 1893, Данска), Јаков Пресилски (Пелистер), Лука Јасмин Георгиев (Вардар), Лука Кнежевиќ (Македонија ЃП), Амер Бајрами (Работнички), Мелдин Аломеровиќ (Слован Љубљана, Словенија) Павел Миронски (Македонија ЃП).
Напад: Фадилј Исламовиќ (НК Кустошија, Хрватска), Васко Папалиски (Скопје), Јаков Стојковски (СЦ Падерборн 07, Германија), Андреј Цветковски (Вардар).
Македонската репрезентација за место на континенталниот шампионат ќе се соочи со Германија, Франција и Словенија. Турнирот ќе се одигра кон крајот на март, а пласман во завршницата обезбедува само освојувачот на првата позиција.
Завршницата на Европското првенство ќе се одржи од 25 мај до седми јуни следната година, а домаќин е Естонија.




































