Лидерот на табелата во Првата фудбалска лига, скопски Вардар, денеска замина на зимски подготовки во Турција.

Вардарци во турскиот туристички центар Анталија, ќе останат дваесетина дена. Таму се планирани и шест контролни натпревари.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ:

17 јануари – Јаблонец (Чешка)
20 јануари – Андижан (Узбекистан)
23 јануари – Мотор Лублин (Полска)
26 јануари – Махачкала (Русија)
29 јануари – Акхмат Грозни (Русија)
2 февруари – Алашкерт (Ерменија)