Дури единаесет натпревари ноќеска се одиграа во НБА лигата, а на два од нив победниците беа решени по продолжение. Индивидуално, вечерта ја одбележаа минатогодишниот МВП, Гилгиус-Александер, кошаркарот ја Хјустон, Дени Авдија и се разбира Лука Дончиќ.
Шампионот Оклахома Сити се изнамачи во дуелот со Јута. До победата со 129-125 „Тандерси“ стигнаа по одигрување на дополнителни пет минути.
Шаи Гилџус-Александар постигна 46 поени, од кои девет во продолжението. Тој ја продолжи својата серија на 109 натпревари со најмалку 20 поени, втора најдолга во историјата на НБА.
Неизвесност имаше и на натпреварот во Портланд каде домашните Треилблејзерс со 103-102 го совладаа Хјустон.
Дени Авдија беше јунакот на домашната екипа, а натпреварот го заврши со 41 поен најмногу сезонава. Во поразената екипа Кевин Дурент постигна 37, но го промаши шут за победа на Хјустон.
Лука Дончиќ повторно имаше свое шоу и остари троен ефект. Сепак, тоа не му помогна на ЛА Лејкерс да избегне пораз на гостувањето кај Сан Антонио со 107-91.
Словенецот натпреварот го заврши со 39 поени на кои додаде по 10 скокови и асистенции.
Резултати:
Оклахома – Јута 129:125 (по продолжение)
Бруклин – Орландо 103:104 (по продолжение)
Бостон – Денвер 110:114
Шарлот – Торонто 96:97
Детроит – Чикаго 108:93
Атланта – Њу Орлеанс 117:110
Њујорк – ЛА Клиперс 123:111
Мемфис – Феникс 98:117
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 107:91
Голден Стејт – Милвоки 120:113
Портланд – Хјустон 103:102

































