Селекторот Кирил Лазаров го направи пресекот и ги одреди 19мината ракометари кои ќе патуваат во Данска на Европскиот шампионат.
Без многу изненадувања, а како што и претходно најави Лазаров за Швајцарија, а потоа и Данска со себе ќе поведе 19-мина ракометари. Очекувано од списокот отпадна младиот Мартин Ивановски.
Останатите ќе се борат за место во тимот кој ќе има тешка задача, да ја мине првата фаза на првенството. Во неа Македонија, за противници редоследно ќе ги има Данска, Португалија и Романија (16, 18 и 20 јануари).
Список на ракометари кои ќе ја претставуваат Македонија на ЕП 2026
- Иван Галевски
- Петар Атанасијевиќ
- Никола Костески
- Филип Кузмановски
- Игор Ѓорѓиев
- Жарко Пешевски
- Михаил Аларов
- Мартин Велковски
- Самоил Ристевски
- Никола Митревски
- Мартин Томовски
- Иван Џонов
- Ненад Костески
- Марко Митев
- Павле Атанасијевиќ
- Марко Стојковиќ
- Никола Марковски
- Мартин Серафимов
- Дамјан Митев
По денешниот слободен ден македонската репетиција во раните утрински часови ќе отпатува во Швајцарија, каде ќе одигра три контролни натпревари.



































