Последните подготовки во Скопје макеоднските ракометари ги завршија. Утре следува слободен ден за семејно дружење на Бадниковата вечер. Во среда репрезентацијата на Македонија патува за Винтертур каде ќе настапи на турнирот „Жолт Куп“.
Таму избраниците на селекторот Лазаров ќе ја брусат формата за настапот на Европскиот шампионат. За Македонија првенството ќе стартува на 16 јануари со дуелот против ко-домаќинот Данска.
Трите дуели во Винтертур, против Бахреин, Украина и домаќинот Швајцарија, ќе бидат последните контроли за формата на нашите ракометари. Натпреварите на пристојниот турнир ќе се играат на 8, 9 и 10 јануари, а организаторот денеска ја објави и саатницата.

„Жолт Куп“ распоред на натпревари
четврток, 8 јануари
18:00 Швајцарија – Украина
20:30 МАКЕДОНИЈА – Бахреин
петок, 9 јануари
17:45 МАКЕДОНИЈА – Украина
20:15 Швајцарија – Бахреин
Сабота, 10 јануари
15:30 Бахреин – Украина
18:00 МАКЕДОНИЈА – Швајцарија
Оттаму македонската репрезентација ќе замине за Хенрниг, Данска каде ќе игра во втората група, а покрај Данците противници ќе бидат Португалците и Романците, редоследно.



































