Најдобрите македонски ракометари се подготвуваат за новиот настап на Европскиот шампионат. Задачата за избраниците на селекторот Кирил Лазаров нема да биде ни малку лесна на дуелите во Данска. 

Селекторот смета дека тимската игра мора да биде во преден план, доколку сакаме да се надеваме на позитивни резултати. 

Со огледа на тоа дека сме мала земја, нашиот избор на играчите е можеби од сите учесници на првенството. Затоа, ние треба да створиме добар колектив којшто ќе функционира. Тоа треба да ги покрие слабостите коишто ги имаме.

Максимално сум задоволен од досега сработеното. Пробуваме да направиме добра хемија да функционираме и да живееме како едно. Со максимална борбена игра пожртвувана за својата земја и националниот дрес, можеме да го оствариме тоа.

Ние немаме голем број поединци што ќе можат да изнесат товарот на едно големо европско натпреварување дали или светско натпреварување, па затоа мораме да играме како едно, како тим“, вели Лазаров.

Македонските ракометари и во наредните неколку денови ќе работат во Скопје, по што заминуваат за Швајцарија. Во градот Винтертур од 8 до 10 јануари, македонските ракометари ќе одигра три натпревари против домашната селекција на Швајцарија, Бахреин и Украина.
Преку нив селекторот Лазаров треба да го дефинира списокот на ракометари кои од 15 јануари ќе настапуваат на првенството.

Оттаму експедицијата заминува за Хернинг, Данска каде ќе ги игра натпреварите во првата фаза. Неа ќе ја отвориме со дуелот против ко-домаќинот на првенството и еден од главните фаворити за златниот медал Данска со натпреварот на 16 јануари. Два дена подоцна (18 јануари) ќе следува натпреварот со Португалија, а на 20 јануари и дуелот со Романија.