Македонскиот вицепрвак тимот на ТФТ ја впиша третата победа во регионалната кошаркарска АБА2 лига.
На гостувањето во Бања Лука кај Борац екипата на ТФТ славеше победа со 62-80.
Сите четири квартали тимот од скопската населба Тафталиџе ги реши во своја полза. Домашниот тим само во неколку наврати водеше, а најголемата предност за Борец беше пет поени во првата четвртина. Затоа пак ТФТ во третата имаше +13, а во последната и најголемите +21.
Прв стрелец во победничката екипа и на натпреварот беше Гордон со 28 поени. Двоцифрени беа и Ташковски со 15 и Самервил со 13 поени.
Со оваа победа ТФТ се враќа во игра за плејофот, а ист „скор“ 3-2, како и Војводинам МЗТ Скопје Аеродром и Борец.
Следува пауза во АБА2 лигата се до средината на јануари месец, кога МЗТ и ТФТ ќе играат на домашен терен против Војводина и Слобода Тузла.


































