Како одминува календарската така спортската понуда на домашната сцена е се помала.

Во најдобрата машка кошаркарска конкуренција, до крајот на 2025-та остануваат да се одиграат четири натпревари. Тоа ќе бидат натпреварите од првата, осминафинална, рунда во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Првопласираните четири екипи по 11-те одиграни кола во Супер лигата ќе ја скокнат оваа фаза. Така тимовите на ТФТ, МЗТ Скопје, Кожув и Пелистер директно ќе играат во четвртфиналето.

Битолчани ќе го чекаат исходот од денешниот натпревар меѓу Куманово и Ангели за да го дознаат својот противник/. Кумановци важат за голем фаворити во дуелот со скопската екипа, во натпреварот што ќе почне од 19 часот.

За во среда закажан е натпреварот Работнички – Тиквеш, а останатите два ќе се играат во сабота, по што ќе ги знаеме сите осум екипи кои ќе играат на завршницата.

Следете нé на социјалните мрежи

КУП НА МАКЕДОНИЈА (MAЖИ) – ОСМИНАФИНАЛЕ

среда
КУМАНОВО – АНГЕЛИ 19.00 часот
петок
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 16.30 часот
Сабота
МАЏАРИ – ГОСТИВАР 15.00 часот
ЧАИР – ФЕНИКС 19.00 часот

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
(1) ТФТ – Чаир /Феникс
(2) МЗТ СКОПЈЕ – Работнички/ Тиквеш
(3) КОЖУВ – Маџари/Гостивар
(4) ПЕЛИСТЕР – Куманово/Ангели

ПОЛУФИНАЛЕ
Победник 1 – Победник 4
Победник 2 – Победник 3