Двете најдобри екипи во НБА лигата Оклахома и Денвер брзо ги преболеа завчерашните порази, а ноќеска им се вратија на победите.

По завчерашниот пораз од Хјустон, тимот на Денвер ја остварија 21-та победа сезонава совладувајќи ја Јута убедливо со 135-112. Триумфот Денвер го најави уште на стартот на натпреварот кога поведе со 19-0 во првите четири минути. Воедно Нагетси го израмнија рекордот својот клупски рекорд постигнувајќи 24 тројки.

Никола Јокиќ го оствари својот 14-ти троен ефект сезонава, а вкупно 178-ми во кариерата. Србинот натпреварот го заврши со 14 поени и по 13 скока и асистенции. Прв стрелец во победничката екипа беше Џамал ​​Мареј со 27 поени.

Денвер со „скор„ 21-7 (победи-порази) е втор на табелата во Западната конференција во која лидер е шампионот Оклахома Сити со 26-3.

И Тандерс брзо го преболеа поразот од Минесота, па ноќеска славеа над Мемфис со 119-103. Шаи Гилгиус-Александар постигна 31 поен. Тоа беше неговиот 100-ти натпревар по ред со најмалку 20 поени, правејќи ја втората најдолга серија во историјата на НБА.

Резултати:
Кливленд – Шарлот 139:132
Бостон – Индијана 103:95
Њу Орлеанс – Далас 119:113
Денвер – Јута 135:112
Оклахома – Мемфис 119:103
Голден Стејт – Орландо 120:97
Портланд – Детроит 102:110